АРХИТЕКТУРАТА И СЛИКАРСТВОТО ДО ПОЧЕТОКОТ НА XX ВЕК

    Градењето на нови цркви продолжува и во времето на Турското владеење. Во 1426 година, во селото Лескоец е изградена црквата "Свето Вознесение". Присутното сликарство укажува на непознат зограф коj сигурно и припаѓал на Охридската школа. Сликарството се карактеризира со внесување на свои елементи во теми кои се познати од порано. Таков е случаjот со темата "Таjната Вечера".  Присутна е слобода во композициjата и внесување на одделни детали. Така, на чиниjата поставена пред Исус Христос е нацртана охридска пастрмка, коjа се препознава по своите црвенкасти дамки. Димензиите на ваквото сликарство се препознаваат и во прикажувањето на ликот на Свети Климент коj макетата на градот jа држи во рацете. Вака насликаниот лик на Свети Климент се поврзува со неговата заштитничка улога. Тоj е издигнат на степен на култна личност, од коjа се очекувало низ историските премрежиjа што ги имал Охрид да го заштити месното население.
    Во 1444 година во селото Велеството е изградена црквата "Успение Богородично". Црквата во прво време е малку живописана, а неколку години подоцна е целосно завршен овоj процес. Ктиторите не биле во можност да го платат целосното живописување на црквата, така што забележлива е разлика меѓу првото и второто живописување. Првата фаза покажува континуитет на сликарството негувано во Охрид, додека пак втората фаза упатува на фактот дека воопшто не бил значаен квалитетот и уметничките знаење на зографот, туку едноставно битна била задачата да се доврши живописувањето на црквата.
    Во 1452 година, во селото Лешани, е изградена црквата "Сите светители" (Си свети). Таа е посебно интересна од аспект на присутниот колоритет каj композициите. Непознатиот зограф наjвероjатно и прапаѓал на Охридската школа на сликари. Тоа се дознава по сликањето на композициите и елементите што се користени во сликањето на повеќе градски цркви од XIV век. Треба да се спомене дека во овоj период е доградена црквата "Света Богородица Болничка".
    Градбата на цркви продолжила и наредните векови. Се претпоставува дека старата црква во селото Горно Лакочереj е изградена во XVII век. Обновен е и манастирот "Свети Наум" како крстообразна црква со две одделениjа од страните, а нешто подоцна бил дограден и нартексот. Начинот на ридањето укажува на подржување на средновековниот декоративен опус.
    Поинтензивното градење на цркви во Охрид и регионот има кон краjот на XVIII и особено во текот на XIX век. Тогаш се изградени црквите "Свети Врачи Големи", "Света Богородица Каменско" и црквата "Свети Ѓорѓи" во Горна Влашка маала. Се споменува дека меѓу 1810 и 1819 година се изградени и конаците на манастирот Свети Наум.
    Од градската архитектура, во овие години, изградена е куќата на браќата Робевци во коjа сега е сместен Народниот музеj, потоа куќата на Каневчевци и куќата на Ураниjа во коjа денес е сместено Етнолошкото одделение на Народниот музеj.

   








    Во однос на другите градови во Македониjа, Охрид и неговата околина, се наоѓале во поповолна положба по паѓањето под турска власт. Треба да се нагласи дека фреско-сликарството и иконописот не биле прекинати. За тоа сведочат и мошне квалитетните создадени дела.
    Од овоj период ( XV век) се издвоjува двоjната литиска икона на чиjа предна страна е насликан Свети Климент, а на задната Свети Наум. Дваjцата се во допоjасни претстави. Непознатиот иконописец, со успешно совладаниот занает, вероjатно доста ги проучувал присутните портрети низ охридските цркви. Според тоа станува збор за наследник на сликарството од XIV век и тоа од Охридската сликарска школа.
    Од охридските цркви наjвероjатно црквата Света Елена и Константин прва е обновена за време на турското владеење. Било побарано да се изгради отворен трем со коj би се заштитиле влезовите на црквата и jужниот параклис, а создадени биле услови за обезбедување на jужниот рид на црквата од неjзината надворешна страна. Во врска со оваа црква научната jавност е поделена околу прашањето кога е направен иконостасот, царските двери и една икона со посвета на Воведението на Света Богородица. Едни сметаат дека е тоа направено во втората половина на XIV век, додека пак други стоjат на становиште дека е тоа направено кога е вршена реконструкциjата на црквата.
    Во втората половина на XV век се чувствува заживување на сликарската деjност. Тоа се гледа по броjот на насликаните икони и целосно обновените иконостаси во одделни цркви. Од тоа време е откриена една Деjсизна плоча во црквата Свети Никола Болнички, а во исто време од Охридската сликарска школа излезено е уште едно значаjно дело-царските двери од црквата посветана на Света Богородица во селото Ботун. Според досегашните сознаниjа од овоj период датираат изградените и живописани цркви во селата Елшани, Косел и Годивjе. Посебен интерес од ова време предизвикува живописот на цркавата Свети Ѓорѓи во селото Годивjе.
    Охрид и во во ова време сигурно одржувал врски со другите значаjни центри на Балканот. На тоа упатува едно дело. Големиот "Чин" од црквата Света Богородица Перивлепта датира од краjот на XV век. Според начинот на сликањето може да се претпостави дека ова дело е донесено од некоjа работилница од Света Гора.
    Во ова време меѓу значаjните и запазени дела се царските двери од Црквата Свети Ѓорѓи во Горна Влашка маала. Со сигурност може да се каже дека тоа е дело на сликарско-копаничарска работилница , коjа во Охрид, работела кон краjот на XV и почетокот на XVI век.
    Во цркавата Свети Димитриjа е изработен "Змискиот крст" коj воедно е наjголемиот крст изработен во периодот на османлиското владеење, додека пак во Свети Јован Богослов -Канео ( на почетокот на XVI век ) е изработена иконата со претстава на Исус Христос Спасител. Меѓу поретките икони од првата половина на XVI век треба да се споменат "Исус Христос" и "Света Богородица со Христа" од црквата Свето Вознесение од селото Лескоец.
    Меѓу поголемите зафати во овоj период е живописувањето на западната фасада во црквата Света Богородица Перивлепта. Живописот е изведен пред 1597 година. По целата фасада на црквата е насликана композициjата "Страшниот суд" со броjни придружни фигури. Станува збор за значаен сликар од причина што во спомената црква се пренесени моштите на Свети Климент по рушењето на неговата црква Свети Пантелеjмон и претворањето во џамиjа.
    Од краjот на XVI век интересни се иконите на Исус Христос од црквата Свети Никола Болнички и уште една икона на коjа е прикажано мачењето на еден непознат светител, додека пак во црквата Света Богородица Болничка претставата со Успението на Света Богородица.
    Кон краjот на XVII век се забележува пад во ликовното творештво во Охрид, но на почетокот на XVIII век се забележуваат нови стремежи во сликарството, кои се изразуваат со пореалистичниот третман во сликањето на фигурите, лицата на светителите, облеката , украсните елементи, како и самиот колорит на бои кои се користеле. Кога се зборува за овоj период треба да се напомене дека главната активност на зографите главно била насочена кон иконописот.
    Богато украсениот иконостас во манастирот Свети Наум е од почетокот на овоj  век, поточно од
1711 година, а автор е jеромонахот Константин. Се претпоставува дека зрелоста во сликарството
jа оформил во некоjа од присутните школи на Света Гора. Јеромонахот Константин за  иконоста-
сот на Свети Наум изработил вкупно 26 икони: шест престолни икони, дванаесет Празнични, царските двери, "Змискиот крст" во придружните икони на Света Богородица и Свети Јован и големиот фриз со Деjсизна композициjа и дванаесетте апостоли.
    На ова време се припишува настанувањето на уште десеттина икони во охридските цркви.
    По овоj период, поради поволните економско-политички прилики што владеат во Македониjа , квалитетот на сликарството битно се менува. Поволните услови дале можност во поголемиот броj селски населби ( Горенци, Мешеишта, Климештани, Ботун, Злести, Велмеj, Сирула, Куратица, Опеница, Завоj, Ново Село, Издеглавjе, Слатино, Арбиново, Лактиње, Брежани, Скребатно, Велгошти, Елшани ) во околината на Охрид да се изградат поголем броj цркви.
    Во првите години од XIX век Охрид станува интересно место за зографите. Зголемениот броj на цркви ги привлекле зографите од малореканските села (Дебар) и истите оставиле значаен белег во сликарството. Меѓу попознатите е Дичо Крстев од Дебарско (село Тресонче), коj покраj во Дебар и Скопjе, наjмногу ќе се задржи во Охрид. Првото негово познато дело во охридските цркви е иконата од црквата Свети Јован Богослов-Канео на коjа е претставена Света Богородица со Христос (наречена Пантохора). Иконата е изработена во 1884 година. Дичо Зограф ги изработил и иконите на Светите Седмочисленици, меѓу кои на Свети Еразмо Охридски, Свети Јован Владимир, а подоцна и на ликовите на словенските просветители Светите Кирил и Методиj. По порачка на семеjството на Прличеви jа насликал целувашната икона посветена на Света Богородица со Христос , работел на иконостасот на црквата Света Богородица Перивлепта (Свети Климент) , а извршил и декорациjа на куќата на познатото охридско семеjство Робевци.
    Во исто време се изработени поголем броj икони од таjфата на Михаил Георгиев и Константин Јованов. Тие работеле во црквата Свети Врачи Голем. Михаило Зограф пак работел во Свети Ѓорѓи во Горно Влашко маало, а во првата децениjа на XX век, во охридската црква Света Богородица Челница, работи зографот Коле Момиров.

ИсторијаХотелиАпартманиПриватни собиХранаКафе баровиНоќни клубовиДискотекиУслугиМапа на Охрид

Назад