ОХРИД ВО ВРЕМЕТО НА БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ

На 13 март 1912 година Србиjа и Бугариjа се  договориле  да  завладеат  со  турските
провинции на Балканот.  Македониjа  е  поделена. Охридската  околиjа  во  меѓусеб-
ните планови била разделена на два дела : еден коj  припаднал  под  српска  власт  и
на еден дел, чиj иден статус , т ребало  да  се  решава  по  завршувањето  на  воjната.
Почетокот на Првата балканска воjна е дочекан со надежи и  очекувања  дека  Маке-
дониjа ќе биде ослободена. Оттука не изостанала  помошта  на  Македонците  од Ох-
рид и Охридско во воjната да се помогнат српските, бугарските и грчките  соjузници.
Така, на тракискиот фронт учество зеле над 500 Охриѓани. Покраj ова учество Маке-
донците имале и свои доброволни чети. Такви во Охрид се четите на  Петар  Чаулев,
Милан Матов и Павле Христов. Српската воjска во Охрид влегла на 22 ноември 1912 година на чело со потпоручникот Божидар Симовиќ. Веднаш по влегувањето српската власт почнала со прогони и разоружувања на четите. Покраj нив биле прогонувани и сите охриѓани кои се ангажирале да се воспостави привремена власт. Сите тие од српскиот режим биле прогласени за "бугарофили" и како такви станале непожелни личности.

Во административно-управна смисла Охридската околиjа била вклучена во Битолскиот округ, коj бил формиран во зимата 1912/13 година. Во него останала до 20 ноември 1913 година, кога бил создаден самостоен Охридски округ, во коj влегле Охридската, Струшката и Дебарската општина.

Во маj 1913 година Големите сили ги бележат границите на балканските држави. Во рамките на новоформирата албанска држава влегува една териториjа со површина од над 10.000 хектари. Линиjата е повлечена на север каj местото наречено Ќафа-сан (каj Струга), а на jуг под манастирот Свети Наум. На оваа териториjа живеел мешан состав на население, но според некои податоци, во делот што и припаднал на Албаниjа, останале околу 30.000 Македонци. На тоj начин, Охридскиот езерски регион, коj со векови бил единствена економска, политичка, културна и управна целина, бил разделен со гранична линиjа од страна на Големите сили.

Приликите што владееле во Македониjа не биле воопшто поволни. Како плод на тоа и овие години од Округот заминуваат голем броj луѓе. Така, според еден податок од 1923 година, во Охрид имало околу 12.000 жители од кои 7.000 биле Македонци, а 5.000 биле Турци и Албанци. Една година подоцна во градот имало само 10.000 жители, од кои нешто над 5.000 биле Македонци и скоро исто толку Муслимани, од кои поголемиот дел се Турци.

Во октомври 1915 година Бугариjа решева да поведе освоjувачка воjна против Србиjа, а целта била токму Македониjа. Кон краjот на ноември истата година, втората бугарска армиjа го окупирала делот што се наоѓал под српска власт. По освоjувањето Бугарите Македониjа jа делат на седум окрузи, а еден од нив е Охридскиот. Овоj округ jа опфаќал истата териториjа од претходната-српска власт, но малку проширен во Дебарската околиjа.

Ќе остане забелажно дека во тригодишното прусуство на Бугарите на тлото на Охрид извршени се броjни ограбувања и однесени се предмети, книги и друго материjално благо што со векови сведочело за растот и достигнувањата на Охридската архиепископиjа и воопшто на уметноста и книжевноста.

По пробивот на Македонскиот фронт, во септември 1918 година, силите на Антантата ги поразиле бугарската и германската воjска, така што тие jа напуштиле Македониjа. Истиот месец српските сили повторно завладуваат во Охридската околиjа. Тие веднаш jа воспоставуваат истата организациjа на власт како во времето од 1912 до 1915 година. Треба да се напомене дека на границата се случуваат броjни инциденти. Охрид бил ризично место за живеење се до 1926 година кога Кралството на Србите, Хрватите и Словенците со Албаниjа стриктно jа определува граничната линиjа меѓу двете земjи.

ИсторијаХотелиАпартманиПриватни собиХранаКафе баровиНоќни клубовиДискотекиУслугиМапа на Охрид

Назад