АФТОКЕФАЛНАТА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

    Народноослободителната воjна на македонскиот народ има компонента и на борба за возобновување на Охридската архиепископиjа. На првата слободна териториjа, на 21 октомври 1943 година , во селото Издеглавjе ( 30 км од Охрид ), е одржан Првиот свештенички собор на коj е решено да се отфрли jуриздикциjата на туѓите цркви и да се возобнови Охридската архиепископиjа.
    На 4 и 5 март 1945 е одржан Првиот црковно-народен собор на коj е донесена Резолуциjа, во коjа се вели: 1. "Да се обнови Охридската архиепископиjа како Македонска самостоjна православна црква, коjа нема да биде потчинета на коjа и да било помесна национална православна црква " ; 2. "Црквата да има свои народни епископи и народно свештенство, за да се запазат карактерните особини на македонскиот народ и тоj да биде поблизок до своjата родна црква " и 3. "Првиот македонски архиереj да jа носи титулата "охридски архиепископ" а православната црква на Македониjа "Свети Климентова Охридска архиепископиjа ".
    Вториот црковно-народен собор е одржан од 4 до 6 октомври 1958 година во катедралната црква Света Софиjа во Охрид. Во првата точка од одлуката е нагласено: "Овоj црковно-народен собор решава да се обнови старата Македонска охридска архиепископиjа коjа беше присилно укината, а неjзините епархии беа припоени кон Цариградската партиjаршиjа во 1767 година и истата да го носи називот - Македонска православна црква. За архиепископ е избран Господин Господин Доситеj.
    Светиот синод на Македонската православна црква на 17 и 18 jули 1967 година го свикува Третиот црковно-народен собор во Охрид, во катедралната црква Света Софиjа. На свечената седница е донесенаОдлуката за прогласување автокефалност на Македонската православна црква
    Член 1
    Македонската православна црква - наследница на обнованета Охридска архиепископиjа - се прогласува за Автокефална.
    Член 2
     На чело на автокефалната Македонска православна црква е Архиепископ со достоинството "Архиепископ Охридски и Македонски ".
    Досегашниот поглавар на Македонската православна црква, Неговото блаженство Господин Доситеj ќе се именува со достоинството: "Архиепископ Охридски и Македонски".
    Член 3
   Диецезата на автокефалната Македонска православна црква се поклопува со границите на македонската национална држава - Социjалистичка Република Македониjа.
    Член 4
      Автокефалната Македонска православна црква, како дел од едната, света, соборна и апостолска Црква, ги прима и ги чува своето Свето писмо, прописите на сите вселенски и помесни собори, како што ги чуваат и другите автокефални православни цркви и отфрла секое друговерно учење.
    Член 5
    Автокефалната Македонска православна црква се управува согласно со Светото Писмо, Светото Предание, Апостолските правила, каноните на светите вселенски и помесни собори и Уставот на Македонската православна црква.
    Член 6
     Препис од оваа одлука да се достави до сите автокефални православни цркви како и до сите епархии и црковни општини на автокефалната Македонска православна црква.
    Член 7
    Обjавувањето на оваа Одлука да стане пред Црковно-народниот собор на Македонската православна црква, свештенството и благочестивите христиjани на Светата Архиереjска литургиjа во црквата Свети Климент Охридски во Охрид.
    Член 8
     Оваа одлука стапува во сила веднаш по донесувањето.

ИсторијаХотелиАпартманиПриватни собиХранаКафе баровиНоќни клубовиДискотекиУслугиМапа на Охрид

Назад