ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ И ОХРИД

Во 90-тите години на минатиот век доаѓа до подем на македонските прогресивни сили. Спонтано расте политичката активност насочена против османлиската империjа, но исто така и против присутните пропаганди во Македониjа. Како плод на тоа на 23 октомври 1893 година, во Солун, е формирана револуционерната организациjа коjа е позната под името ТМОРО (Таjна македонско-одринска револуционерна организациjа).

Основањето на Првиот комитет на ТМОРО во Охрид е во август 1894 година. Први членови, воедно и раководители, се Лев Огненов, Ѓорѓи Николов, Никола С.Филипчев и Александар Чакаров. Подоцна во организациjата се вклучува и А.Кецкаров. Според неговата документациjа во периодот од 1896 до 1900 година, во организациjата членувале или блиски на неа биле , Христо Узунов, Методиj Патче, Кирил Прличев, Лука и Иван Групчеви, Климе Заров, Атанас Каневче, Андреjа Христов, Борис Проевски и други. Првата акциjа на организациjата во Охрид е убиството на Димитриjа Грданов коj бил осуден како разбивач на национално-политичкото единство на масите. Тоj бил застрелан од М.Патчев. Во третата развоjна фаза на комитетот се вклучиле уште Иван Нелчинов, Наум Атанасов-Цветинов, Наум Чакаров, Наум Златаров и Спиро Сарџов. Кон овие треба да се придодаде уште и Никола Петров Русински, како и некои други воjводи на чети. Под непосредно раководство на овие луѓе Охридско се подготвило и влегло во Илинденското востание.













Меѓу позначаjните деjци од овоj период од Охрид се истакнуваат Христо Узунов и Методиj Патче. Узунов е идеjниот насочувач на револуционерното движење во Охридско. Татко му бил учител и активно вклучен во револуционерното движење, како и неговата маjка коjа потекнува од семеjството на преродбенскиот деец Ѓорѓи Чакалов од Струга. Патчев пак станува воjвода есента 1901 година во Прилепско, каде што за релативно кусо време, ќе доjдат до израз неговите големи способности. Но, на 6 април 1902 година, бил опседнат од големи турски воjски во прилепското село Кадино-Село, каде по дводневен отпор, неговите седуммина четници и тоj излезот го нашле во хероjското самоубиство.

ТМОРО своjата прва чета во Охридско jа добила релативно доцна. Како основна причина се споменува недостатокот на воен кадар. Пролетта 1901 година со враќањето на неколкумина печалбари меѓу кои Деjан Димитров, Милош Богданов и Миладин Голев се пристапува кон формирање на чета. Таа е формирана во манастирот Света Петка во селото Велгошти, а за воjвода е избран Тале Горанов од Прилеп. Меѓу повеќемината организатори од Охрид посебно треба да се споменат имињата на Деjан Димитров, селанец и печалбар роден во селото Лактиње, неговиот соселанец Смиле Воjданов, Никола Митров од селото Елшани, Ташко Арсов и Тасе Христов. По формирањето на четата воjводата Горанов се покажал како деструктивен, така што на негово место доаѓа Никола Петров Русински.

Во годините што му претходеле на Илинденското востание, Организациjата посебно внимание посветувала на издигнувањето на свеста каj селанството, настоjувањето да се подобрат условите за живот, а паралелно со ова се вршело и вооружување. Забележано е на Смилевскиот конгрес дека Охридската околиjа била наjдобро вооружена во Битолскиот округ. Организациjата укажувала дека месното население треба да има меѓусебно разбирање и слога. Токму ова прашање бил каменот на сопнување што го принудува воjводата Русински да го напушти Охридско. Имено, месното население поттикнато од дел на раководители на организациjата проjавило национална нетрпеливост кон месното турско население. Воjводата Н.П.Русински тоа не можел да го сфати и затоа на краjот од 1902 година заминува од овие простори.

По одењето на Русински извршена е реорганизациjа на четите. Околиjата е поделена на пет реони, секоj со по една чета, предводени од воjводите поп Христо од селото Велгошти, Смиле Воjданов, Деjан Димитров, Лука Групчев и Тасе Христов. Подоцна е формирана уште една чета , чиj воjвода е учителот Аргир Маринов (Маринче).

Заради непретпазливоста на воjводите Давидов и Димитров, во март 1903 година, се случува голема провала коjа потресла 17 села во Дебарца. По борбите Турците затвориле 218 припадници на Организациjата. Затворениците преку Охрид , Битола и Солун се одведени на заточение во Диjар Бекир, Мала Азиjа. По амнестиjата, дури по Илинденското востание, затворениците се ослободени, но се вратиле само стотина од нив.

На Солунскиот (jануарски) конгрес на Организациjата во 1903 година донесена е одлука да се крене востание. Конгресот на округот бил закажан во селото Смилево, на 1 маj 1903 година. На него охридскиот воjвода Христо Узунов, коj jа предводел делегациjата на Охридската револуционерна околиjа, предложил, поради недоволната организираност и слабата вооруженост да не се крева востание. Но, во тоа не успеал.

Охридската револуционерна организациjа, пред почетокот на востанието, била поделена на пет реони според конфигурациjата на теренот. Прв бил реонот на Дримкол, втора Малесиjа (и двата каj Струга), трета Дебрца со Караорман, Копарница и Плакенска Планина ( со воjводите Смиле Воjданов и Деjан Димитров), четврта Орта Кол, реон помеѓу Охридско Поле и Дебарца, со воjводата Аргир Маринов (Маринче) и петти бил Езерскиот краj (источниот краjбрежен дел на Охридското Езеро) со воjводата Никола Митрев-Езерски.

Според сочуваните документи се гледа дека акциите биле добро разработени. Целиот воен план бил скициран во 14 точки. Денот на востанието бил определен на 2 август, Илинден. Непрекинати борби на целиот реон (освен во Охрид коj бил база за снабдување на борците) се воделе целиот месец. Сите села низ коj поминале Турците биле спалени, освен Брежани и Плаќе.

Од броjните битки, наjголема е борбата каj месноста Рашанец. Во оваа борба востаниците го претрпуваат наjголемиот пораз, така што самото востание со тоа е приведено кон краj. Во оваа битка загинале и голем броj воjводи меѓу кои Аргир Маринов (Маринче), Андон Узунов ( брат на Х.Узунов), Христо Пармаков, Наум Златарев, Лазар Стефанов, Стефан Куртелов, Ламбо Берберчето и многу други.

Сумираjќи треба да се спомене дека во времето на Востанието во Охридско имало 31 борба.

Во нив учествувале 2.091 востаник наспроти 45.898 турски воjници. Соодносот на силете бил 1 : 22. Вкупно во борбите загинале 118 востаници и 347 турски воjници. Од 75 села, во текот на востанието, 32 биле целосно изгорени, а 10 делумно. Спалени биле 2.064 куќи, а без покрив над главата останале нешто повеќе од 13.000 жители. Во текот на востанието посебно настрадале селата во Дебарца.Од 22 , само 4 останале неизгорени.

За време на востанието Охрид имал посебно значење. Покраj задачата востаниците да се снабдуваат со прехранбени продукти, во него било предвидено да се изгради болница. Градските учителки Поликсена Масинова, Ката Самарџиева, Фанче Шулева, Хрисанти Маскарева, Царева Ботушкова, Атина Шехова, Флора Георгиева, Деспина Василчева, Флора Митева, Елена Кацкова и Аспасиjа Мишева решиле да организираат и отворат болница. По тринеделна работа болницата и била предадена на Англиската мисиjа и истата продолжила со работа.

Современиците што го посетиле Охрид по востанието констатирале дека градот бил запуштен, останало само по нешто од неговото славно минато, а населенито било истоштено и пропаднато во мизериjа и страв. Влошените стопански и општествено-економски услови во Охридската околиjа придонесле, во првата децениjа од овоj век, Македонците засилено да заминуваат на печалба во Америка. Има еден податок дека само во 1907 година од Охрид како печалбари во Америка заминале 3.630 лица.

Големите сили веднаш по завршувањето на Илинденското востание ги донесле познатите Мирцштегски реформи. Русиjа и Австро-Унгариjа, имаjќи ги предвид барањата на Охриѓани, кон краjот на 1903 година изработиле проект за обновување на Охридската архиепископиjа со своj архиереjски синод и други црковни тела. Проектот предвидувал воведување на македонскиот jазик во литургиjата и училиштата. Турската влада проектот го отфрлила, но под притисок му дала виза на Хилми Паша да го конкретизира проектот за осамостоjување на македонските епархии од Егзархиjата и Патриjаршиjата. На ова се спротиставиле сите соседи на Македониjа. Во исто време, рускиот цар и англискиот крал, изработиле проект за автономна Македониjа, но и тоj пропаднал.

По Илинденското востание поголемиот броj воjводи го напуштиле Охрид и заминале за Софиjа. Меѓу нив биле Андон Кецкаров, Наум Анастасов, Александар Чакаров, Лука Групчев, Марко Павлов, Лазар Димитров, Деjан Димитров и Смиле Воjданов. Нивното заминување оставил лош впечаток каj народот. Во охридскиот краj останал воjводата Христо Узунов, коj по одредено поминато време на Смилевската планина, во декември 1903 година се вратил во своjата околиjа за да ги обнови растурените комитети на Организациjата. Во текот на 1904/05 година Узунов главно се свртел кон организирање борба против присутните пропаганди, како и со разрешување на идеолошко-теоретските проблеми со кои се соочувала Организациjата.

Во март 1905 година Узунов влегол во Битола, а потоа и во Крушевско со цел да изврши инспекциjа врз реонот. На 24 април, во селото Цер - Кичевско, Узунов, заедно со крушевскиот воjвода Ванчо Србаков, бил опколен од силни турски сили. Опсадените не примиле никаква помош, така што биле принудени или да се предадат или да се самоубиjат. Пред да се одлучат на овоj чекор, Христо Узунов, го напишал претсмртното писмо во кое меѓу другото се вели: "Моjот последен совет до сите другари е да бидат искрени кон делото и кон сите што му служат, зашто само искреноста и чистосрдечноста jа издигнале Внатрешната организациjа и пак тие ќе jа спасат од анормалноста во коjа е поставена од недобросовесни наши другари. Да гледате колку што е можно побргу да ги уништите оние досега раководни сили во Организациjата коишто му нанесле штета на делото, како што е Сарафов, а не да се казнуваат само прости работници. Нашата идеjа ќе биде постигната..."

По завршувањето на писмото и предавање на целата архива, воjводата и неговите 11 соборци се самоубиле.

Револуционерната деjност на Организациjата продолжила и покраj големиот броj  провали.
За надминување на проблемите во Охрид бил заслужен Петар Чаулев, коj се истакнувал со
своите организациони и воени способности. Тоj  бил  и  праведен  револуционерен с удиjа,
бидеjќи каj месното население имало препорака да се избегнуваат турските  судови  и  спо-
ровите да се решаваат каj народно-револуционерните судови.

Во jули 1907 година на Слатинска Планина - Охридско, бил одржан Конгресот на Битолски-
от револуционерен округ на ВМРО (Внатрешна македонско револуционерна организациjа ).
Домаќини биле Охриѓани, на чело со воjводата П.Чаулев, коj со неколкуте чети се грижел за
безбедноста на конгресите. По одржаниот конгрес не се забележани  некои  поголеми  актив-
ности на Организациjата. Четите продолжиле со работа се до Младотурската револуциjа, кога поголемиот броj од нив се легализирале.

ИсторијаХотелиАпартманиПриватни собиХранаКафе баровиНоќни клубовиДискотекиУслугиМапа на Охрид

Назад