ЛИХНИД


    Охрид спаѓа во редот на ретките балкански градови, како што се Тесалоники, Едеса и Дирахион, кои без прекин живееле низ целиот антички период , jа преживеале пропаста на таа цивилизациjа и под ново име се одржал до денес. Врз почвата на овоj древен град се менувале цивилизациските достигнувања, следени со неопходните пропаѓања и растења.


    Современиот Охрид е наследник на античкиот Лихнид. Тоа е потврдено низ неколкуте византиски извори каде се вели дека "градот се наоѓа на високото брдо близу големото езеро Lychnidos, според кое и градот го носи истото име Lychnis, а некогаш се викал Dyassarites. Покраj овие извори за постоењето на овоj град сведочат и ред римски документи. Во нив се нагласува дека Лихнид се наоѓа на патот Via Egnatia , наjстарата и наjзначаjната римска сообраќаjница на Балканот. Таа почнувала со два крака од Аполониjа и Дирахиjа, па преку Кандавските планини доаѓала до Линхид, по коjа линиjа многу порано пред да доjдат Римjаните на ова подрачjе, се одвивал сообраќаjот меѓу приморjето и внатрешноста на илирската и македонската земjа. Via Egnatia бил наjкраткиот пат од Рим до Источното царство.

 

 

 


   

 

    Бригиjците и Енхелеjците го сочинуваат наjстарото население кое може според името да се идентификува во пошироката област на Охридското Езеро. Бригиjците се исто што и Фригиjците. Според Херодот малоазиjските Фригиjци некогаш живееле во Европа во соседство на Македонците и се нарекувале Бригес, а по Троjанската воjна се иселиле во Мала Азиjа и таму го промениле името во Пхругес.


    Во историjата Енхелеjците се идентификуваат како Илири, меѓутоа треба да се нагласи дека Херодот и некои други историчари нив ги разликуваат од Илирите.


    Инаку, самото име Енхелеjци доаѓа од енцхелеус -"jагула", "змиjа", и го сврзува овоj народ со Лихнидското Езеро, бидеjќи тоа изобилува со jагули. Во времето на римските освоjувања кон краjот на III и почетокот на II век пред н.е. се споменуваат Дасаретите и нивната област Дасаретиjа, а исто така и градот Lychnidos, Lychnidus и областа Lychnis. Дасаретиjа била пространа област коjа се протегала од Девол на запад до македонските области Орестида и Линкестида на исток. Лихнитида, околу Охридското Езеро, се jавува во почетокот како посебна област надвор од Дасаретиjа.


    По римското освоjување името на Дасаретите се jавува како севкупно за сите племиња кои живеат во планинската област во внатрешноста на македонското и jужноилирското подрачjе, од епирската граница на jуг, до Партините и Пенестите на север и Линкестите на исток.


        Лихнид станува главен град на Дасаретиjа.


    За политичкиот развиток на лихнидската област од античко време има малку податоци

во сочуваните пишувани извори. Првите вести за политичкиот карактер  на  оваа  област 

се однесуваат на краjот од V век пред н.е. , во времето  на  Пелопонеската  воjна  во  Грциjа.
Тогаш на северната граница на  Македониjа  се  поjавува  една  политичка  заедница  коjа
античките писатели jа  именуваат  со  "Илири"  коjа  понекогаш  сериозно  jа  загрозувала
безбедноста на македонската држава.


    Кога Филип II Македонски jа презел власта се споменува дека Илирите jа држеле Македониjа поробена. Со доаѓањето на Филип II Македонски односот на силите се сменува. Тоа се случува по битката коjа наjвероjатно се случува во Линкестида, денешната Битолска рамнина. Победата им припаднала на Македонците. Оваа битка е пресудна за натамошниот развоj на Илирско-македонските односи. Дошло до краj на илирската доминациjа во Македониjа. Илирите морале да jа напуштат земjата источно од западниот брег на Лихнидското Езеро.


    Во 335 година пред н.е. додека Александар III Македонски се наоѓал на Дунав, илирскиот крал Клит се побунил против Македониjа. Изворите не говорат за последиците на Александровата победа над Клит. Неколку индиректни податоци покажуваат дека Илириjа тогаш е присоединета кон Македониjа, вероjатно како провинциjа под управа на стратег, како што тоа било со Тракиjа уште од времето на Филип.


    Во ова време Лихнидската област била дел од хеленската цивилизациjа и не му припаѓала на латинското говорно подрачjе.


    Во III век пред н.е. Рим проjавува аспирации кон Балканот. Презема воени акции при што ги користи илирските територии како поjдовни бази за воjна против моќната македонска држава. Во трите воjни што ги водел Рим со Македониjа, под Филип V и Персеj, Македонците за првпат го почувствувале поразот. Каде тоа се случило не може со сигурност да се утврди, можеби токму во Лихнидската област. По Третата македонска воjна против кралот Персеj, Лихнид станува главна римска база во северните области на Македониjа. Тоа е времето кога за него наjмногу се слуша.


    Во 148 година пред н.е. Македониjа е претворена во  провинциjа. Таа  се  протегала  на  запад  до
Јадранското Море, каква што ќе остане ситуациjата низ  целиот  раноцарски  римски  период.  Во
рамките на таа провинциjа, Дасаретиjа со Лихнид го задржала своjот статус на слободна заедница:
еден хроничар ги обележува Дасаретите како libera gens.
 

    Лихнид како главен центар на Дасаретите имал големо значење во  републиканското  време. За
значењето на Лихнид сведочат големиот броj епиграфски споменици, наjдени во Охрид, што ги
поставиле Дасаретите и нивните органи на власт. Овие споменици спаѓаат меѓу наjзначаjните што останале од антички Охрид.

    Во доцноантичкиот период Лихнид се споменува како епископско седиште. Точно не се знае кога е организирана лихнидската епископиjа. Неjзиното прво споменување се наоѓа во актите на црковниот собор во Сердика (343 година) каде што меѓу потписниците се поjавува и Dionysius de Macedonia de Lychnido. Дионисиус е всушност единствениот епископ лихнидски од IV век што е познат.

    Последната вест за Лихнид е веста за неговото разурнување. Меѓу тешките катастрофи кои го погодиле римското царство во текот на владеењето на Јустиниjан (воjни,поплави,чумата) забележани се и земjотреси. Во еден таков, коj според историските извори се случил на 29 и 30 маj 526 година, настрадале повеќе десетици илjади лица во Лихнид. Потоа градот повеќе не се споменува во историските извори. Не се знае ништо за него, како што останува неjасно и прашањето дали Јустиниjан го обновил градот или не?!

ИсторијаХотелиАпартманиПриватни собиХранаКафе баровиНоќни клубовиДискотекиУслугиМапа на Охрид

Назад