ПАДОТ ПОД ОСМАНЛИСКА ВЛАСТ

Средновековниот Охрид го зафаќал ридскиот терен над езерото и бил обиколен со ридишта кои и денес се сочувани. Надвор од ридиштата, во рамницата, наjвероjатно било организирано средновековното пазариште и чаршиjата.

Тврдината по своjата концепциjа и запазеност претставува значаен споменик на средновековниот Охрид. Точното време на неjзиното градење се уште не е утврдено. Од историските извори се знае дека стариот Лихнид бил утврден град. Се смета дека наjстарите ридови се изградени од поголеми делкани камења без малтер уште во IV век пред н.е. Во доцноантичкиот период била обновена и моќна. Од тоа време зачувани се ридни партии со четири редови на тули ( познат начин на градење во тоа време-техника opus micstum).

Ридиштата градени од кршен камен органски се поврзани со теренот следеjќи jа неговата конфигурациjа. Тие по своите општи форми и начинот на ридањето имаат наполно средновековен карактер. Истите особини ги има и Цитаделата поставена на врвот на ридот што доминира над населбата.

Вака утврдениот град имал четири влеза. Едниот влез е во долниот дел  на градот,
недалеку од езерото, наречен Долна Порта , другиот влез во горниот дел на градот
наречен Горна Порта, третиот на источниот рид наречен Челна Порта и четвртиот
на северниот рид наречен Железна порта.

Кога Охрид паднал во рацете на Турците-Османлии точно не може да се определи.
Но, како сигурен податок за присуството на Османлиите, се наведува еден  натпис
од црквата Свети Илиjа, во охридското село Елшани коj датира од 1408 година.

Врз основа на турски документи, паѓањето на Охрид под турска власт се определува 1395 година. Се претпоставува дека преземањето го извршил Чандарли Хаjрудин Паша, коj станал везир во функциjа на наjвисок воен командант и наjвисока личност по султанот.

Охрид добил извонредно значење во освоjувачките планови на Османлиите. Охридскиот санџак спаѓал меѓу наjстарите санџаци формирани на балканскиот дел од османлиската држава. На чело на санџакот стоел санџак бег. За прв се смета аjдинскиот бег Џунеjд бег, коj на таа функциjа се споменува во 1406 година.

Османлиското освоjување, колонизациjата и  исламизациjата  на  месното  население
извршиле силно влиjание врз надворешниот изглед на  градот. Многу  рано,  уште во
XV век, во Охрид започнале да никнуваат  првите  исламски  обjекти. Така,  на  лока-
литетот  Плаошник  ( Имарет ) ,  стариот  Климентов   манастир  Свети  Пантелеjмон,
Османлиите го претвориле во џамиjа. Многу вероjатно е дека тоа е  наjстарата  охрид-
ска џамиjа што можела да им служи на првите турски колонисти. Таа  е  позната  како
Имарет џамиjа. Покраj неа било изградено и едно училиште, едно теќе и цел комплекс
на придружни обjекти. Подоцна и катедралната црква Света Софиjа ( во XVI век) била
претворена во џамиjа.

Според пописот што го извршиле Османлиите во 1582 година, Охридската нахиjа имала вкупно 88, а Дебрца 32 села, или двете заедно 120 села, што укажува на густата мрежа на населени места. Вкупниот броj на население во двете нахии изнесувало 18.243 луѓе, од кои 13.592 во Охридската нахиjа и 4.561 во Дебрца.

Врз основа на имињата на старешините на семеjствата од пописот може да се заклучи дека наjголемиот дел од населението било македонско. Меѓутоа, очигледно е присуството на несловенско, албанско и влашко население. Дебрца во тоj поглед битно се разликува од Охридската нахиjа. Таа исклучиво била населена со македонски елемент на население.

Во еден документ од патеписецот Евлиjа Челебиjа се споменува дека во Охрид имало 17 муслимански храмови, седум основни училишта, 77 бањи и три jавни куjни. Во XVII век и охридската чаршиjа зафатила голем простор во подградието, располагаjќи со сите неопходни обjекти за одвивање на занаетчиските и трговските активности. Се споменува дека во тоа време имало 150 дуќани, три бесплатни конаци и три анови. Имало и седум добро опремени кафеани. Малуброjни се податоците за развоjот на Охрид во XVIII век иако е евидентно дека градот се шири, така што кон краjот на тоj век се поставени основите на Долно и Горно Влашко маало.

ИсторијаХотелиАпартманиПриватни собиХранаКафе баровиНоќни клубовиДискотекиУслугиМапа на Охрид

Назад