РИБАРСТВО И РЕЗБАРСТВО

    Паралелно со развоjот на уметноста, како што е живописот и иконописот, уште во средниот век особено е развиено занаетчиството, посебно уметничките занаети. За тоа сведочат броjните експонати што можат да се наjдат низ охридските цркви и семеjните куќи на угледните охридски семеjства.
    Рибарството е едно од наjстарите стопански деjности, воедно и наjстар занает што е поврзан со битисувањето на жителите од охридскиот краj. Охриѓани, а особено жителите на краjбрежните населби Пештани и Трпеjца, уште од наjстари времиња, биле свртени кон риболовот.
    Од постарите документи што се зачувани се дознава дека во 1337 година српскиот цар Душан едно од ловиштата на Охридското Езеро му го подарил на манастирот Трескавец (Прилеп), а подоцна и на црквата Света Богородица Перивлепта (Свети Климент). Одделни патеписци кои минувале низ Охрид во времето на XV век забележале дека големи количества риба се ловеле низ Охридското Езеро, а рибата била позната дури и во Цариград.
    За време на Османлиското присуство на Балканот продолжила традициjата ловиштата да бидат давани под закуп. Во прво време само Турците имале право на тоа, а потоа како закупци се jавувале и Македонци. Обично ловиштата се давале на закуп на 2 или 4 години.
    Кон краjот на XIX век околу 80 семеjства од Охрид своjата егзистенциjа jа обезбедувале со риболов, а пак на жителите од Пештани и Трпеjца тоа им било основно занимање. Ловот на риба се одвивал во текот на целата година. Се знае дека пастрмката се ловела во текот на зимата, на пролет и на лето. Крапот се ловел во пролет, исто како и кленот и скобустот, а пак летницата во есен. Грунецот и плашицата се ловеле во доцна есен и зима. Рибарите имале специjален алат за риболов. Него во прво време го изработувале рачно. Постоеле жени чиjа професиjа била изработка мрежи за риболов.
    Карактеристичен е и чунот што се употребувал за лов на риба.









    Според некои податоци охридскиот чун се споменува пред триста и повеќе години. Бездруго станува збор за наjинтересен тип на чамец на Балканот. Обично се градел од буково или чамово дрво. Должината била околу 4-6 метри, во средината ширината се движела од 1.40 - 1.60 метри, додека задниот дел бил уште поширок. Чунот го покренувале троjца веслачи на предницата и дваjца на задницата. Чунот покраj за риболов се употребувал и за превоз на стока и патници. Кога се употребувал за свечени прилики згора се поставувал т.н. чардак изработен од штици со ограда во висина од половина метар. Забележано е дека првиот моторен чамец во Охрид е донесен во 1912 година. Тоj служел во воени цели.
    Стариот чун коj одамна не е во употреба бил доста сигурен. Се споменува дека рибарите со него пловеле по езерото и во бранови кои достигнувале височина од 4-5 метри.
 

    Покраj рибарството, во минатото, во Охрид биле  развиени  ќурчиството,  кожарството,
казанџиството, самарџиството, куjунџиството, терзиството, кондураџиството  и резбар-
ството. Од броjните резбарски дела во охридските цркви, но и  ширум  светот, се  доаѓа
до сознание дека овоj ,пред се, уметнички занает бил развиен многу одамна. Наjстарото
дело што денес го има на тлото на Охрид е скулптурата во дрво  на  Свети Климент Ох-
ридски, коjа потекнува од краjот на XIII век. Нешто постара е  прочуената врата  од црк-
вата Свети Никола Болнички, изработена кон краjот на XII или почетокот на XIII век, коjа во 1916 година е однесена во Бугариjа.
    Во подоцнежните векови иконостаси се работени во црквите Свети Врачи Мал, Свети Константин и Елена, Свети Наум, Света Богородица Болничка, Свети Никола Геракомиjа, Света Богородица Каменско и во Света Богородица Перивлепта (Свети Климент). Значаjни резбарски дела се царските двери од Црквата Света Богородица Перивлепта (Свети Климент), Свети Врачи Мал и Свети Врачи Голем.
    Кон краjот на минатиот и почетокот на овоj век резбарството е во опаѓање. Во 1925 година со цел да се задржи традициjата отворено е училиште за уметничка резба во градот Дебар. Две години подоцна училиштето поради поповолните услови за работа е преселено во Охрид. Во првата учебна година биле запишани 48 ученици. По завршувањето на Втората светска воjна (1947 година) училиштето повторно е отворено со неколку сектори. Во 1949 година е затворено со тоа што отсекот за резбарство е присоединет кон средното училиште за применета уметност во Скопjе. Маjстори на резбата се С.Крстанче, П.Калаjџи, К.Јанко, Н.Донев, А.Доко, Д.Донев, А.Велjанов, П.Спировски, Љ.Џамбазов, Ц. Николоски и други.
    Денес традициjата на резбарството jа продолжуваат неколку ентузиjасти, но и едно одделение од фабриката ЕМО.

ИсторијаХотелиАпартманиПриватни собиХранаКафе баровиНоќни клубовиДискотекиУслугиМапа на Охрид

Назад