РАНОСРЕДНОВЕКОВНА КУЛТУРА ВО ОХРИД И ОХРИДСКО

    При откривањето на ранохристиjанската базилика во локалитетот Плаошник (Имарет) пронаjдени се остатоци од профана словенска архитектура. Се смета дека овоj обjект е од наjраниот период по доселувањето на Словените на Балканот.

    Кон  средината  на  60 - тите  години  од  овоj  век при  истражувањата на  Климентовата 

црква  Свети Пантелеjмон  на  Плаошник  (Имарет)  констатирано  е  дека  таа  е  поставена 

врз остатоци од трикорабна  ранохристиjанска  базилика. Црквата  е  доградена   во  времето

на Климент и тоа кон запад, при  што  треба  да  се  евидентира  дека  самиот  Климент,  со 

свои  раце, го соѕидал неговиот гроб, што е потврдено и од Теофилакт Охридски во "Житието

за Климент". Црквата Свети Пантелеjмон се  смета  дека  е  обновена  во  XIII  век  кога  е  и 

живописана, а  присутни  се  и  подоцнежни  интервенции  до  XV век кога истата е срушена и

претворена во џамиjа.

    На просторот на Античкиот театар, во слоевите на средновековните хоризонити, пронаjдени се голем броj на керамички садови, со свои карактеристики во обликот, орнаментиката, што укажува на непобитниот факт дека еден од основните занаети на Словените бил грнчарството.

    Од потегот на Горна Порта откриен е пат со остатоци од првобитната порта и ивичњакот од северозападната страна на патот. Правецот на патот е североисток-jугозапад и води кон Античкиот театар. Патот е широк дури 7,40 м., а ивичњакот 0,45 м. Според сите истражувања патот се употребувал дури до доцното средновековие.

    Во стариот дел на градот, во поголем броj археолошки локалитети, пронаjдени се повеќе цистерни со вода, земjени водоводни цевки и поголем броj одводни канали. Со ова се добива потврда за повеќепати спомената теза дека Охрид навистина бил вистински центар во средновековието, развиен по угледот на низа познати центри.

    За време на турското владеење во Охрид поголемиот броj христиjански цркви се претворени во џамии. Периодот на срушувањето на овие цркви наjвероjатно е во XV век. Тогаш е срушена Климентовата црква Свети Пантелеjмон и над неа е изградена џамиjата посветена на султанот Мехмед Фатих, позната како Имарет Џамиjа. Истата судбина jа доживува и катедралната црква Света Софиjа, а целосно се срушени црквите Свети Димитриjа, Свети Никола и Света Недела. Се претпоставува дека црквата Свети Димитриjа се наоѓала на самиот плоштад покраj езерото, а црквата Света Недела на просторот каj Али пашината џамиjа и медресата. Али Пашината џамиjа е изградена во XVI век и таа е и медреса, додека пак срушената џамиjа Аџи Касам каj плоштадот датира од XV век. Во близина на двете џамии пронаjдени се некрополи кои упатуваат на постоење на средновековни христиjански сакрални обjекти.

ИсторијаХотелиАпартманиПриватни собиХранаКафе баровиНоќни клубовиДискотекиУслугиМапа на Охрид

Назад