САМУИЛОВО ЦАРСТВО
 

 

 

 

 

    Во 969 година доаѓа до судир меѓу Византиjа и Киевската држава. Во екот на Бугарско-византиско-руските судири умрел бугарскиот цар Петар. Неговата  смрт  во  Македониjа  била  искористена  за кревање на ослободително востание. Градот Охрид и неговата област уште во  почетокот се наоѓале во средиштето на востанието што го дигнале  синовите  на  комитопулот  Никола :  Давид , Моjсеj , Арон и Самуил. Востанието што започнало во 969 година  брзо  jа  зафатило  целата  териториjа  на поранешната склавиниjа "Берзитиjа". Освен од оваа териториjа бугарската власт била  отстранета и од другите околни области. Од некогашните македонски склавини се формирала Македонската словенска држава, позната како Самуилово царство. Во периодот од 971 до  976  година  комитопулите
Давид, Арон, Моjсеj и Самуил иако jа чувствувале врховната власт на византискиот император успеале да извоjуваат и меѓународно признание на нивната држава.

    Подоцна како монарх Самуил успеал да создаде голема воjска и добро обучен кадар . Како плод на тоа, до краjот на X век, освен териториjата на Македониjа, без Солун, во рамките на Македонската држава биле вклучени и бугарски, српски, грчки, албански и хрватски територии. Со папска дозвола Самуил jа издигнал Македонската црква на ранг на патриjаршиjа. По претворањето на Охрид во царско и црковно седиште на Македонската држава, градот израснал во вистински средновековен град, односно метропола. Градот го сочинувале два териториjално споени делови: тврдината, коjа всушност претставувала акропол и подградието. Двата дела заедно jа сочинувале целата градска населба, коjа тогаш се означувала како полис.

    Есента 1015 година византискиот император Василиj II успеал да го заземе Охрид, но тврдината останала и понатаму под власта на царот Јован Владислав, наследникот на Гаврило Радомир, син на цар Самуил. По убиството на Јован Владислав, пролетта 1018 година, дошол и краjот на Македонската држава. Еден податок од 1073 година зборува дека градот Охрид се наоѓал во рушевини откако тоа го сторил царот Василиj II, бидеjќи се плашел дворците на Македонците да не станат големо жариште на побуни.

    Императорот Василиj II сметал дека поданиците ќе бидат послушни доколку и црквата се ангажира во тоа. Затоа тоj дозволил Охрид и понатаму да остане седиште на Охридската архиепископиjа. Тоа значи дека Охридската црква се претворила во орудие на византиската држава, со чиjа што помош византиските императори го одржувале своето господство над Македонците. Во рамките на Охридската Архиепископиjа во времето на Василиj II влегувале 32 епархии, додека кон краjот на XI век нивниот броj се намалил и изнесувал околу 26 епархии. Со еден од поглаварите на црквата-архиепископот Лав е поврзана обновата и живописувањето на катедралната црква Света Софиjа.

    Кон средината на 1081 година Византиjа влегува во воjна со Норманите, така што во Македониjа се создаваат услови за отфрлање на византиската власт. Норманите сепак останале на тлото на Македониjа и во Охрид до 1085 година кога се повлекле од Балканот. Од тоа време долги и опсежни искажувања за Охрид има од географот Идризи, коj бил еден од плеjадата учени луѓе во кралскиот двор во Палермо. Според "Географиjата " на Идризи, коjа е напишана во 1153 година, кажано е дека Охрид лежел на патот Via Egnatia и до него од Драч (албанско пристаниште) се патувало шест дена. Освен стариот пат Via Egnatia низ Охрид поминувал и патот коj ги поврзувал Драч-Скопjе-Струмица-Мелник-Серез-Орфано, а и други централни и споредни патишта.

    Во XII век во Македониjа, а особено во Охридскиот краj, богомилството зело широки размери. Особено биле засилени акциите на богомилите во градот Охрид и околината, кога по повлекувањето на Норманите се засилило народното движење против византиското господство.

    За изгледот на Охрид и животот во него кон краjот на XI век и во текот на XII век сведочи и архиепископот Теофилакт Охридски. Од него се дознава дека во ова време Охрид бил голем град и дека во него живееле охриѓани кои имале македонско потекло. Во утврдениот град се наоѓала катедралната црква Света Софиjа , во коjа архиепископот Теофилакт вршел богослужба. За охриѓани Теофилакт вели дека богослужбата jа слушале како "магарињата лирата". Ова од причина што службата се вршела на грчки jазик. Останато е сведочењето на истиот архиепископ дека Охрид во тоа време се развивал во секоj поглед под влиjание на Венециjа и другите италиjански градови. Забележан е еден редок податок дека во Охрид постоел "совет на општини " коj се грижел за редот во градот, а пред него сметки полагал дури и самиот архиепископ.

    За потребите на црквите во рамките на Охридската книжевна школа, а и подоцна до XV век биле создадени броjни богослужбени книги. Голем броj од ракописите од освоjувачите се однесени од Охрид во Болоња, Москва, Софиjа, Белград, Загреб, Прага, како и во други центри. Особено е значаен Болоњскиот псалтир- значаен македонски книжевен ракопис коj денес се наоѓа во Болоња (Италиjа) по што го добил и името. Во него има 264 пергаментни листови. Книгата jа напишале книжевниците Белослав, Јосиф и Тихота од селото Рамне - Охридско, во периодот од 1230 до 1242 година. Ракописите од тоа време обично биле пишувани со рака на пергамент, а биле и богато украсени со орнаменти и позлата. Болоњскиот псалтир се цени дека е еден од наjубавите словенски ракописи од XIII век. Редакциjата е македонска, а правописот карактеристичен за Охридската книжевна школа.

    Во 1202 година Византиjа е под налетот на IV крстоносен поход. На 13 април 1204 година крстоносците го зазеле Цариград. Со тоа е ставен краj на Византиската империjа. На местото на Византиjа сега е создадена новата латинска империjа. Во Македониjа истата година е воспоставена латинска власт. Тогаш Охридскиот краj заедно со другите jугозападни македонски области биле вклучени во рамките на Солунското латинско кралство.

    Во 1219 година за Охридската архиепископиjа се случува значаен настан. Никеjскиот патриjарх Мануил, како противтежа на Охридската архиепископиjа, jа спротиставува новоформираната Српска афтокефална архиепископиjа. Со осамостоjувањето на Српската црква, Охридската архиепископиjа ги загубила епархиите Рашка, Призренска, Липљанска и Сремска. Во 1272 година еден византиски император издал проглас со коjа на охридскиот архиепископ му дал за право да ги поврати одземените епархии од српската и бугарската црква. Во Лион во 1274 година е склучена спогодба за црковна униjа меѓу Рим и Цариград и тогаш силно се критикувани Србиjа и Загора бидеjќи се здобиле со афтокефалност без согласност на римскиот првосвештеник.

    Во 1334 година српскиот крал Душан користеjќи ги разгорените внатрешни борби за власт во Византиjа го преминал византискиот одбранбен поjас во Македониjа и Албаниjа и притоа презел повеќе градови. Тогаш под српска власт паднале градовите Охрид, Прилеп и Струмица. Во текот на 70-тите години на XIV век во Охрид бил жупан Андреj Гропа. За време на неговото владеење, во 1378 година, била доградена црквата Света Богородица Перивлепта ( Свети Климент) во Охрид. За тоа има натпис во самата црква. Инаку, црквата е изградена 1295 година од ктиторот Прогон Згур.

    Кон самиот краj на XIV век турскиот султан Баjазит I успеал насекаде во Македониjа да jа наложи своjата власт. Што се однесува до Охридското феудално кнежевство можно е според некои претпоставки да jа зачувало своjата самостоjност до краjот на векот, но се разбира под врховна власт на султанот.

ИсторијаХотелиАпартманиПриватни собиХранаКафе баровиНоќни клубовиДискотекиУслугиМапа на Охрид

Назад