ДОАЃАЊЕТО НА СЛОВЕНИТЕ

Од почетокот на VI век Словените започнале се почесто да jа преминуваат и реката Дунав пустошеjќи ги и ограбуваjќи ги богатите византиски градови, тврдини и селски населби дури и во внатрешноста на Балканскиот Полуостров. Изворните податоци говорат дека уште во 517 година, кога на чело на Византиjа се наоѓал Анастасиj I (491-518) биле опустошени "двете Македонии и Тесалиjа од гетските (словенските) коњаници кои ограбувале дури до термопилите и Стариот Епир".

Со сигурност може да се каже дека Охридската област во краjот на VI век била изложена на масовна словенска колонизациjа. Охридската област до 30-тите години на VII век била целосно колонизирана од словенското племе Берзити. Ова словенско племе заедно со останатите племиња меѓу кои биле и Драгувитите, Сагудатите и Велегизитите во втората децениjа на VII век влегло во голем словенски соjуз, на чие чело стоел водачот на овие Словени, по име Хацон.

Освен охридската област, македонското словенско племе Берзити jа колонизирало и сета териториjа коjа се простирата меѓу денешните градови Велес-Кавадарци-Прилеп-Битола и Дебар. Целата оваа териториjа византиските писатели почнале да jа нарекуваат "Склавиниjа" (Sкlabhnia).

Уште во краjот на VI и почетокот на VII век во Охридската област биле извршени коренити етнички измени. Разорениот и ограбен град Лихнид оттогаш добил чисто словенско име Охрид. Во науката се искажани повеќе мислења како Охрид го добил словенското име. Преовладува гледиштето дека името Охрид е чисто словенско , изведено од именката "хрид", рид . Самата форма Ахрида и Ахрис настанал, наjвероjатно од словенското име Охрид со замената "о>а".

Патеписците соопштуваат дека Лихнидското Езеро современиот оварварен jазик го нарекол Охридско уште во X век, во времето на царот Самуил. Во житието на Св.Наум, езерото е наречено "Бело Езеро". Овоj назив е соодветен на називот што го употребувале Грците, што значи светло езеро. Тогаш охридската област целосно влегла во "склавиниjата -Берзитиjа", коjа била управувана од независен словенски кнез. Во оваа "Склавиниjа" Византиjа немала веќе никаква власт. Во историjата на Охрид и неговата околина периодот од краjот на VI до средината на IX век се уште останува наjтемен и непроучен.

Резултатите од археолошките ископувања во Охрид говорат дека населените Словени- Берзити постепено почнале да присвоjуваат доста од затекнатата култура на староседел-ците. Напоредно со постепениот развоj на градот Охрид, во Охридскиот краj, како и во другите краишта на Македониjа, од почетокот на VII век почнала да се изградува со свои специфични белези македонската средновековна култура, коjа добила афирмациjа во X век кога била создадена Македонската средновековна држава. Сите факти говорат дека како политичкото, така и културното влиjание на Византиjа во Охридскиот краj, од краjот на VI век, престанало да деjствува.

ИсторијаХотелиАпартманиПриватни собиХранаКафе баровиНоќни клубовиДискотекиУслугиМапа на Охрид

Назад