СПОМЕНИЦИ НА КУЛТУРАТА ОД ПРАИСТОРИСКИОТ И АНТИЧКИОТ ПЕРИОД

        Неолитско и енеолитско доба

    Во Охридскиот краj познати се неолитските  населби: Долно Трново-Охрид  и  Зластра-

на во селото Горно Средорече (Дебарца), како и локалитетот Кутлина во селото Велмеj (Де-
барца), коj припаѓа на енеолитското доба. На  бронзеното  доба  му  припаѓаат  локалите-
тите  Лакочереско Градиште, Коселско Градиште, локалитетот Тумба  каj  селото Свини-
шта, како  и  ново откриената  наколна  населба  "Плоча Мичов Град",  каj  полуостровот
Градиште, на источниот брег од Охридското Езеро.

    Во трите споменати неолитиски населби со испитувањата констатирано е  постоење 

на населби, при што има остатоци од градбите, гробовите и керамика. Во Лакочереско Гра-
диште и Коселско Градиште на површините на локалитетите пронаjдени  се  фрагменти
од керамички садови, орудиjа од камен и коска.

    Наjвероjатно досега утврдените наолитски локалитети во Охридскиот краj временски му
припаѓаат на IV - III милениум пред н.е.

        Железно доба

    Ископувањата на просторот во близината на селото Горенци, на околу 9 км. од Охрид
(Сува Чешма, Три челусти и Вртуљка) дадоа некои материjали кои  индицираат време
од железното доба II и тоа од подоцниот период. Следеjќи  го хронолошки  времето на
железното доба во Македониjа, во текот на VI и V век се забележуваат нови  културни
поjави. Овоj период е одбележан како железно доба III или време на формирање на ма-
кедонскиот архаjски стил, манифестиран  преку  "кнежевски гробници" . Споменатите
гробови се откриени на некрополата "Требеништа" каj селото Горенци, а некропола од
тоа време е откриена и каj селото Речица, северно од Охрид.











    Со археолошките ископувања од 1918 , со прекини до 1972 година, откриени се вкупно 56 гробни конструкции, од кои голем дел се со богат гробен материjал.

    Во текот на VI век пред н.е. на Балканот е веќе jасно формирањето и постоењето на одредени етнички групации. Во охридскиот регион се споменуваат Енхелеjците. Секако наjзначаjни се пронаjдените златни посмртни маски како прилог во богатите "кнежевски" гробови од Горенци, работени од златен лим. Тие се предмет на низа опсервации на научниот свет. Стилските одлики, односно втиснатите орнаментални мотиви, според едни се карактеристични за грчката уметност од VI век пред н.е. Според други пак станува збор за мотиви кои исклучиво се поврзуваат со македонската уметност.

    Денес богатите наоди од некрополата "Требеништа" ги красат витрините на музеите во Софиjа- Бугариjа и Белград - СР Југославиjа.

        Античко доба

    Од времето на Филип II Македонски кога се забележани неговите навлегувања во лихнидскиот краj, културните влиjаниjа на грчко-македонскиот свет се повеќе присутни. Богатата култура оставила траги на ова тло при што пронаjдени се разновидни материjали, од мермерна пластика, преку керамички и бронзени садови, до ситен накит изработен од злато, полудраги камења и стаклена паста.

    Во поново време со археолошки истражувања констатирано е дека потегот на Свети Еразмо, преку Габавци, Патерица и Козлук до Коселска Река, претставува урбанизирана целина во археологиjата позната под името "Хермелеjа". Високо на Габавскиот рид е акрополот, во неговото jугоисточно подножjе е подградието, а на источниот и западниот дел се протегаат сакралните и профаните обjекти.

    Од античкиот период во околината на Охрид се откриени две некрополи. Едната сместена во Требенишкото Кале, а другата е откриена на локалитетот Црвеница каj Прентов Мост. Во првата се откриени остатоци од тврдина, со различни етапи на градба, керамички садови и 17 гробни целини. На локалитетот каj Црвеница се откриени 143 гробови од хеленистичкото време и од раниот среден век.

    Пронаjдена е и една македонска гробница во просторот на Варош, стар дел на Охрид. На местото наречено Дебоj е откриена централната некропола на Лихнид и на средновековниот Охрид.

    Уште еден обjект е карактеристичен од ова време. Тоа е античкиот театар, сместен

во Варош (Охрид), коj е граден по типот на грчките и римските театри. Првите сознани-

jа за оваа монументална градба, без коjа не може да се замисли центар  од  античкиот пе-
риод, датираат од почетокот на веков. Тогаш се откриени две релjефни плочи на кои е
претставен Дионис со Музите. Првите археолошки сонди се изведени во  периодот  на
1959/60 година, кога се откриени девет редови од седиштата на театарот. На некои  од
камените седишта се запишани имињата на семеjствата кои ги закупиле тие седишта.

    Театарот се протега на околу 4.000 м2. Врз основа на ископувањата кои се вршени во три наврати констатирани се местата каде што се наоѓаат влезовите и театарската зграда, оркестрата со почесните седишта и протегањето на арената.

    Во ова време на тлото на Лихнид во голема мерка е присутна религиjата. Една од поинтересните фигури пронаjдени на тлото на Лихнид секако е претставата на богинката Изида-богинка на човековата судбина.

    Целиот антички период на охридската териториjа го следат наоди на монети наоѓани случаjно и при археолошки ископувања. Во нумизматската колекциjа на Музеjот во Охрид се чуваат четири примероци на многу ретки монети ковани во градот Лихнид. Многу градови од тоа време со дозвола на македонските владетели ги користат рудниците и коваат монети. На нив вообичаен е натписот МАКЕDONWN и името на областа. Само во случаjот на Охрид стои името на градот.

        Ранохристиjански период











    Од овоj период на тлото на Лихнид е откриена една поликонхална црква , коjа се наоѓа северно од комплексот на Климентовиот манастир. Со своjата монументалност, архитек-тонска форма и раскошни мозаици, се издига над сите откриени ранохристиjански базилики во охридскиот регион. Не се знае во чиjа чест е подигнат овоj споменик.

    Поликонхалната градба била повеќе пати реконструирана. Инаку и припаѓа на градбите од
типот на двоjна школка што е карактеристично за  ранохристиjанската  архитектура. Ваква
црква била пронаjдена во дворот на Адриjановата  библиотека  во  Атина,  Грциjа. Станува
збор за градби кои го карактеризираат времето  на  раниот  Јустиниjанов  период. Можно е
овоj храм да бил и катедрала на лихнидските епископи.

    Базиликата "Студенчишта" е сместена надвор од античкиот и средновековен град, на  пади-
ните на Петринска планина, на исток. Анализите упатуваат дека овоj  споменик  датира  од
краjот на V и почетокот на VI век.

    Слични вакви градби се пронаjдени во стариот дел на градот, дури постоjат индиции дека и црквата Света Софиjа била подигната на ранохристиjанска црква, поради пронаjдените траги од постара архитектура. Значаjно е откривањето на ранохристиjанската базилика во непосредна близина на средновековната црква посветена на Свети Еразмо. Тоj бил првиот проповедник на христиjанската вера во овие краишта. Покраj овие пронаjдени се базилики jуго-источно од Античкиот театар и источно од црквата Света Богородица Перивлепта (Свети Климент).

ИсторијаХотелиАпартманиПриватни собиХранаКафе баровиНоќни клубовиДискотекиУслугиМапа на Охрид

Назад