СВЕТИ КЛИМЕНТ И СВЕТИ НАУМ

  








    Охридскиот краj уште во втората половина на VIII век станал привлечно подрачjе за бугарската држава. За време на бугарскиот цар Борис македонските територии во воено-административен поглед биле опфатени во неколку "комитати". Охрид бил во комитатот што ги опфаќал Охридско-деволските краишта. Со вклучувањето на поголемиот броj "склавини" во рамките на бугарската држава, бил прекинат нивниот самостоен развиток.

    Во Охридскиот краj христиjанството како официjална вера се наложило уште во IV век. Градот Лихнид од првата половина на IV век постанал дури и седиште со епископ.Со паѓањето на Охридскиот краj под бугарска власт, кнезот Борис и овде го наложил христиjанството, затоа што тоj сакал и преку црквата да jа зацврсти своjата власт. Христинизациjата во Охридско особено се засилила по 864 година кога Борис прифатил грчки свештеници да ги покрстат поданиците на неговата држава.

    Во 886 година Климент (Охридски) по краткото задржување во бугарскиот двор бил испратен во Македониjа со важна државна мисиjа. Тоj бил испратен во областа наречена Кутмичевица како учител. Областа jа опфаќала Југозападна Македониjа и Јужна Албаниjа, со главните градови Охрид и Девол. Овие два градови тогаш биле седиште на соборните, односно катедралните цркви. За време на своjата учителска деjност Климент имал голем броj ученици. Броjот на таквите "избрани" ученици изнесувал околу 3500. Изградуваjќи толкав броj словенски црковен кадар, Климент за кратко време успеал насекаде во Охридско и низ Македониjа да jа воведе словенската богослужба во возобновените и новоизградени цркви. Со таквата своjа активност Климент ги удрил темелите на словенската црква во Македониjа. По седумгодишна учителска деjност во 893 година Климент бил поставен од новиот бугарски владетел Симеон (893-927) за епископ на Дрембица или Велика. Бугарскиот владетел на местото на Климент за учител го поставил Наум. Неговата учителска деjност главно била насочена во градот Охрид, за што сведочи и манастирот, изграден на самиот брег на Охридското Езеро.

    Како учител и епископ Климент заедно со Наума ги поставиле основите на т.н. Охридска глаголска 

книжевна школа. Самиот Климент напишал или превел околу 50 дела  со  што ги зацврстил темелите 

 на  македонската  и општословенската литература и култура. Благодареjќи на деjноста на Климент

и Наум, градот  Охрид,  во  втората половина на IX век израснал во еден од наjразвиените и наjпозна-

тите средновековни словенски културни центри. Колку  Климент  и  Наум  биле поврзани со овоj краj

говори и фактот што и дваjцата по нивната смрт биле погребани во манастирите што самите си ги

изградиле на брегот на  Охридското  Езеро. 

ИсторијаХотелиАпартманиПриватни собиХранаКафе баровиНоќни клубовиДискотекиУслугиМапа на Охрид

Назад