УКИНУВАЊЕ НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА

Охридската архиепископиjа била единствената средновековна феудална установа коjа го продолжила своjот живот и работа и во времето на османлиското владеење. Кои биле причините што Османлиите jа оставиле Охридската архиепископиjа да деjствува, може само да се претпоставува.

Како и да е, таа успеала да осигури полна внатрешна автономиjа и да зачува добар дел од своите поранешни права и привилегии, така што била во состоjба да jа извршува своjата улога. Во согласност и со поддршка на властите Охридската архиепископиjа по едно време успеала да jа прошири своjата jуриздикциjа врз нови територии. Во првите децении од XV век, под управа на Охридската архиепископиjа се наоѓала Софиската и Видинската епархиjа. Во средината на XV век под неjзина jуриздикциjа се наоѓале Влашко и Молдавиjа, а едно време пред обновувањето на Пеќката патриjаршиjа и делови од српската црква. Во XVI век Охридската архиепископиjа успеала да jа приклучи, иако и овоj пат само привремено, дури и т.н. Италjанска епархиjа.

Феудалната Охридска архиепископиjа за да опстане ползувала одредени натурални и парични даноци, како и бесплатна работна рака. Бесплатната работна рака и натуралните давачки главно се практикувале по повод некои празници, слави и слично, додека пак паричните давачки биле земани во вид на такси. Освен тоа, се плаќал и еден постоjан годишен данок. Така, секоjа христиjанска куќа годишно плаќала по 12 акчиња. Тоj данок бил земан и од свештениците само што тоj износ бил во висина од еден златник.

Според народните преданиjа што се пренесувале од генерации на генерации во Охрид имало над 300 цркви, што значи за секоj празник во годината, по една црква. Но, по доаѓањето на Османлиите голем броj од нив биле срушени. Според еден податок во XVII век нивниот броj изнесувал 33 активни цркви, а на почетокот на XIX век се наброени само три цркви во градот.

Во историjата на Охридската архиепископиjа се случувало да бидат отцепени или оттуѓени цели територии. Како наjдрастичен пример се споменува обидот на смедеревскиот епископ Павле коj се обидел да ги отцепи српските епархии од охридската архиепископиjа и да jа обнови Пеќката патриjаршиjа. Овие обиди траеле еден подолг период од 1527 до 1541 година. Охридскиот архиепископ Прохор овие обиди успеал на три пати да ги осуди на црковните собори, а истото го сториле и цариградскиот, александрискиот, ерусалимскиот и антиохискиот архиепископ.

Охридските архиепископи во времето на владеењето на Османлиите често патувале низ западноевропските земjи и во Русиjа со цел да издеjствуваат отстранување на Османлиите од Балканот. Во тоа време, каj одделни епископи, постоела тенденциjа да jа прифатат униjата со римската црква. Кон средината на XVII век во Охрид била формирана Охридска католичка надбискупиjа, но таа реално никогаш не заживеала од причина што католичкото влиjание воопшто не нашло погодно тло во Охрид.

Во втората половина на XVII век Цариградската патриjаршиjа имала нескриени апетити кон Охридската архиепископиjа. Поради одредени несогласувања меѓу охридските архиереи, цариградскиот патриjарх за архиепископ го прогласил митрополитот Мелетиj. Со неговиот избор внатрешните борби во рамките на Охридската архиепископиjа продолжуваат се до неjзиното укинување. Се работи за борба помеѓу фанариотите- прогрчка ориентациjа и автохтоната партиjа. Есента 1766 година пет митрополити од Охридско биле во Цариград и потпишале дека jа признаваат власта на цариградскиот патриjарх. Соочуваjќи се со таквата ситуациjа охридскиот архиепископ Арсениj , jануари, следната 1767 година , дал оставка од охридскиот престол. Веднаш потоа следи и султановата одлука со коjа е згасната Охридската архиепископиjа, а сите неjзини епархии се приклучени кон Цариградската патриjаршиjа. Укината е и Охридската епархиjа, една од 14-те, колку што во тоа време ги имало во редот на Охридската архиепископиjа и таа влегла во Преспанската епархиjа. Полниот назив на епархиjата била Преспанско-лихнидска што значи дека Охрид повторно е преименуван во Лихнид.

Воjните во XVIII век сериозно jа потресуваат Османлиската империjа. Во такви прилики феудалците станувале се помалку зависни од централната турска власт. Еден од таквите што оставил траги во Охрид е и Џеладин бег. Против него се водела своевидна хаjка од централната власт, како и од одделни феудалци. Резултат од тоа биле пустошењата низ Охрид и страдањето на населението. Човечките животи до тоj степен биле загрозени што започнало масовно изумирање на населението. Во тие услови, во два наврати Охрид, го зафаќа болеста-чума. Прв пат во февруари 1810 година и вториот пат есента 1816 година. Поради ограбувањето на народот Џеладин бег во воjна служба го примил сердарот Кузман Капидан, коj во Охрид е доста опеан и низ народната песна. Неговата дружина броела околу 40 храбри и искусни борци. Во времето на Џеладин бег Империjата сакала да jа заjакне власта поради што султановите воjски го нападнале Охрид. Скоро целиот имот од бегот бил запленет, а Џеладин бег во октомври 1832 година морал
да пребегне дури во Египет.

ИсторијаХотелиАпартманиПриватни собиХранаКафе баровиНоќни клубовиДискотекиУслугиМапа на Охрид

Назад